Фудбалерот на Манчестер сити, Лирој Сане, побарал од клубот да биде ставен на трансфер-листата. Германецот има желба да го напушти клубот во зимскиот преоден рок, пишува „Билд“.
Сане пред неколку дена започна да тренира со соиграчите. Тој сезонава има одиграно само десет минути за Манчестер сити. Се повреди во првиот меч оваа сезона, Комјунити шилд (4 август).
Крилниот напаѓач својата иднина сакал да ја гради во Германија, а не во Премиер лигата.
Интересот за Сане не го кријат во Баерн Минхен. Проблем околу реализицијата на трансферот може да претставува обесштетувањето, Сити барале 140 милиони евра.