Top Sport

Сањол: Мбапе може да стане крал во Ливерпул

Поранешниот француски репрезентативец, Вили Сањол верува дека неговиот сонародник Килијан Мбапе може да стане „крал под Јирген Клоп во Ливерпул“, бидејќи стилот на игра на лидерите во Премиер лигата апсолутно му одговара.

21-годишниот Мбапе подолго време е поврзуван со трансфер на „Енфилд“ од Пари Сен-Жермен, но таков трансфер би чинел многу пари, кои во ерата на корона вирусот можеби не се достапни за премиерлигашот.

„Ливерпул има голема предност во трката за Мбапе, бидејќи во Клоп го имаат тренерот со кој би сакал да работи секој фудбалер. Мбапе ќе мора да се прилагоди на таа игра, бидејќи Клоп бара и напаѓачите да знаат да играат во одбрана. Ако го научи тоа, тогаш може да стане крал под Јирген Клоп“, вели Сањол за „Спорт билд“.

Scroll to Top