Top Sport

Сањол посакува победа на Грузија во Скопје

Со двете убедливи победи над Гибралтар и Бугарија, фудбалската репрезентација на Грузија ја истакна кандидатурата за освојување на првото место во Групата 4, во Ц-дивизијата во Лигата на нации.

Грузија очекувано, во првото коло, го победи Гибралтар (4:0), а вчера ја декласира Бигарија во разград со 5:2. За три дена Грузија ќе гостува во Скопје, што ќе биде вистински тест за селекцијата што ја предводи прославениот француски ас, Вили Сањол.

“Одличниот резултат против Бугарија, ќе ни ја зголеми самодовербата пред наредните натпревар. Ефикасноста беше на завидно ниво, одигравме еден квалитетен меч, но сега тоа мораме да го заборавиме и да се фокусираме на следниот предизвик. Би сакал и таму да победиме, тоа би била веќе голема позитивна серија. Но, прво да се одмориме и добро да се подготвиме”, изјавил Сањол.

Грузија во Скопје ќе гостува на 9.јуни.

Scroll to Top