Откако повеќе фудбалери на Пари Сен-Жермен беа забележани меѓу публиката на НБА мечот помеѓу Милвоки бакс и Шарлот хорнетс во „Акорсхотел арената“ во Париз, поранешниот француски репрезентативец Вили Сањол вели дека тие не смееле да добијат дозвола за таква „авантура“.
Помеѓу публиката беа Нејмар, Мбапе, Марко Верати, Мауро Икарди и Тијаго Силва, иако се очекува сите да бидат стартери на мечот против Лил вечерва, и Сањол вели дека се работи за непрофесионалност.
„Прво и најважно, на спортистите им е потребен сон. Тие имаат право да прават што сакаат, но потоа имате момци како Верати, кој може да игра само еден час. Истото се повторува година по година. Не велам да ги ставите во затвор, но треба да сфатат дека се работи за професионален фудбал и некои работи треба да се избегнуваат“, вели Сањол.