Top Sport

Червар за македонските судии: Ни ја украде топката, да му е.ам мајката безобразна!

Лино Червар повторно беше во свој елемент на клупата на Хрватска и при поразот од 22:20 од Шпанија во финалето на Европското првенство, а овојпат виновници му беа македонските судии Славе Николов и Ѓорѓи Начевски.

Еден од клучните моменти на мечот беше на минута и пет секунди пред крајот на мечот, кога Игор Карачиќ направи очигледни чекори (над 10) со топката, а нашите судии правилно досудија дека се работи за прекршок. По ова, Алекс Душебаев постигна гол за конечни 22:20.

„Отиде времето! Ни ја украде топката, да му е.ам мајката безобразна. Ајде, да го завршиме нападот што е можно побргу“, изјави тогаш Червар.

Ова не беше единствен „испад“ на поранешниот македонски селектор. Откако Шпанците направија одлична серија во второто полувреме, тој удри по своите играчи.

„Тие сакаат повеќе победа од нас! Фрлај се на глава, тоа се луѓе од 40 години! Како ќе бидеш првак? Ние седиме и гледаме. Играме пинг-понг“, лудуваше Червар, кој по натпреварот потврди дека ова му е последен пат да ја води Хрватска на големите натпреварувања.

Scroll to Top