Top Sport

Сањол: Зидан беше исклучен поради Вилтор! (видео)

Поранешниот дефанзивец на Баерн Минхен и на француската репрезентација, Вили Сањол вели дека крајниот виновник за црвениот картон на Зинедин Зидан во славното финале на Светското првенство во Берлин во 2016 не е Зидан, ниту Марко Матераци, туку Силван Вилтор!

Во еден од најнеславните моменти во светскиот фудбал, во својот последен интернационален меч, Зидан одговорајќи на провокациите на Матераци околу неговата сестра, го удри со глава во градите, заработувајќи црвен картон. Италија потоа на пенали ја совлада Франција и го освои својот четврти Мундијал.

Според Сањол, анализата по 12 години „покажува“ дека виновен е поранешниот напаѓач на Арсенал, Вилтор, кој ја исфрлил топката во аут на другата половина на теренот наместо да продолжи да игра, бидејќи така судијата немал да го забележи ударот.

Топката беше во нозете на Клод Макалеле кој подаде до Вилтор во средината на теренот, и напаѓачот застана погледнувајќи на другата половина. Судијата Хорасио Елизондо исто така застана – Матераци беше на тревата, а четвртиот судија по прегледот на видео-снимката го исфрли Зидан.

„Доколку Силван не ја исфрлеше топката во аут мислам дека судијата ќе продолжеше. Којзнае каква ќе беше историјата тогаш“, вели Сањол.

Scroll to Top