Top Sport

Санкт Паули повторно против фашизмот (видео)

Германскиот второлигаш Санкт Паули, познат по своите левичарски навивачи, во неделата уште еднаш го покажа својот стил, откако 30 илјади фанови на стадионот „Милернтор“  оддадоа почит на жртвите од холокаустот.

Пред мечот со Дармштад (кој го загубија со 0:1), навивачите одржаа минута почит за милионите жртви на нацистичкиот режим, а беше поставен и голем транспарент со написот “Kein vergeben, kein vergessen” (никогаш не простувајте, никогаш не заборавајте).

На големиот семафор на стадионот се појави 93-годишната Естер Бехарано, преживеана од концентрациониот камп Аушвиц, која зборуваше за одржувањето на сеќавањата.

Во саботата, фановите на Санкт Паули поставија венци пред стадионот во знак на сеќавања на навивачите на клубот кои беа прогонувани од нацистичкиот режим бидејќи биле комунисти или хомосексуалци.


Scroll to Top