Фудбалскиот клуб Сантос планира засекогаш да го повлече дресот со бројот 10, кој во текот на својата кариера го носеше легендарниот Пеле. „Кралот на фудбалот“, почина во четвртокот на 82- годишна возраст.
Медиумите во Бразил објавија дека ќерките на Пеле, побарале од клубот повеќе никој во Сантос да не ја носи легендарната „десетка”.
„Му гo предложиме тоа на Управниот одбор (УО). Постои процедура, потребно е да се состанат членовите на УО и тоа да го одобрат. Во меѓувреме, со административен акт во текот на идниот месец привремено ќе го укинеме користењето на бројот 10, со надеж дека нашиот oдбор ќе ја претвори таа одлука во трајно решение”, изјави претседателот на Сантос, Андре Руеда.
Десетка на Сантос во моментов е напаѓачот од Венецуела, Џеферсон Сотелдо.