Селекторот на Португалија, Фернандо Сантош, се надева дека неговата репрезентација може да ја освои титулата на Светското првенство во Катар. Португалците преку баражот изборија место на мундијалот. Синоќа, во решавачкиот натпревар, ја победија Македонија со 2:0.
„Сега имам само еден сон, сакам да го освојам третиот трофеј со националниот тим. Освоив два, го сакам и третиот, сонувам да го освоиме Светското првенство“, рекол Сантош, кој има титула од ЕП во 2016 и во Лигата на нации.
Коментирајќи го натпреварот со Македонија, Сантош рекол дека бил полесен од очекуваното поради фантастичниот став што го имале неговите играчи.
„Заслужено победивме. Не се сеќавам дека Македонците имаа некоја добра акција. Се пласиравме на СП, им донесовме среќа на 11 милиони Португалци“.