Сараево не успеа да го изненади Селтик во првата квалификациска рунда во Лигата на шампионите, но затоа големо изненадување приредија фудбалерите на Сутјеска кои го елиминираа Слован од Братислава.
Селтик против Сараево ја оправдаа улогата на фаворит и со вде победи се изборија за меч со Номе Калју во второто коло. Првиот меч во Сараево заврши со победа на Селтик 3:1, а во реваншот Шкотите славеа 2:1.
Рајан Кристи го отвори резултатот во 26 минута, до крајот на полувремето Селтик не искористија неколку шанси за да ја зголемат предноста. Израмни Бенјамин Татар во 62 минута, а конечниот резултат во 75 минута го постави Колум Мекгрегор.
Celtic-Sarajevo 1:0 pic.twitter.com/fmPW3GB372
— SportTime (@SportTi43915378) July 17, 2019
Tatar za 1-1 pic.twitter.com/BkXWmHsqFk
— SportTime (@SportTi43915378) July 17, 2019
Gol Celtica za 2:1 pic.twitter.com/K1sSeTXXHf
— SportTime (@SportTi43915378) July 17, 2019
Уште еден драматичен меч одиграа Сутјеска и Слован. Како и во првиот дуел, екипата од Никшиќ се спаси во самиот финиш, кога Софранац постигна гол во 93 минута. Претходно Слован имаше предност со голот на Спорар во 49 минута.
Бидејќи и првиот меч заврши 1:1, реваншот влезе во продолженијата од по 15 минути, а потоа следуваше драматичната пенал-серија. Играчите на Слован не ги реализираа првите два пенали, а за Сутјеска промаши Којашевиќ.
Во последната серија Булатовиќ не успеа да погоди и да ја заврши работата, меѓутоа непрецизен беше и играчот на Слован Спорар и Сутјеска избори пласман во наредната рунда.