Тренерот на Јувентус Маурицио Сари не ги штедел комплиментите за да ги опише квалитетите на Кристијано Роналдо.
Јувентус синоќа избри пласман во полу-финалето на италијанскиот Куп со победата над Рома од 3:1.
Португалецот го постигна првиот гол на натпреварот. Роналдо на последните 10 натпревари има постигнато 13 гола, седум од почетокот на годината.
„Роналдо е во неверојатна форма, константно постигнува гол. Лично јас не гледам каде тој би можел да напредувам. Можеби во одредени моменти во одбраната. Не можем ништо да му замерам. Можеме само да ѝ бидеме благодарни на мајката што го родила“, рекол Сари.
Голот против Рома беше прв за Роналдо во Купот на Италија, што значи дека во кариерата бил стрелец во 15 различни клупски натпреварувања.