Легендарниот фудбалски ас, Карлос Тевез (35) се подготвува да се врати во Манчестер Јунајтед, ексклузивно открива италијански „Тутоспорт“.

Информациите се дека 35-годишниот фудбалер најверојатно е желба на Управата на „црвените ѓаволи“ како позајмен играч до крајот на сезоната, пред се поради повредата на Маркус Рашфорд.

Навивачите на Јунајтед сигурно се сеќаваат дека голгетерот кој пред 11 години настапуваше во црвениот дрес на „Олд Трафорд“ направи „предавство“ и направи трансфер во градскиот ривал, Манчестер Сити.

Тевез и тогаш беше на позајмица во Јунајтед. За две сезони во клубот, од 2007 до 2009 со „ѓаволите“ освои две титули во Премиерлигата и еднаш го подигна трофејот во Лигата на шампионите. Тевез постигна 34 гола за Јунајтед.

Во тоа време, менаџерот Сер Алекс Фергусон му нудел побогат петгодишен договор, но Тевез решил да замине.

Набрзо стана еден од симболите на Сити по сопствеништво на шеикот Мансур, па и со „граѓаните“ ја освои Премиерлигата, по што патот го однесе кон Јувентус.

Фудбалерот сега по третпат е дел од Бока Јуниорс, но договорот му истекува на крајот на сезоната.