Јувентус синоќа ја победи Рома на „Олимпико“ со 2-1 во 19 коло од Серија и се врати на чело на табелата пред Интер кој ремизираше на „Меаца“ со Аталанта.
Мечот во Рим освен погодоците на Демирел, Роналди и Пероти (Рома), повредите на Демирел и Заниоло, го одбележа и реакцијата на Аргентинецот Паоло Дибала кон тренерот Маурицио Сари при излегувањето од игра.
Сари во 69 минута наместо него, на терен го испрати Игуаин, а Дибала нервозно гестикулираше кон стратегот покажувајќи незадоволство од одлуката.
Подоцна, италијанските новинари го прашаа Сари за ситуацијата.
„Дибала се лути? Гајле ми е. Играта отиде во тој правец и јас повлеков прикладен потег. Се додека тој се лути, а на терен игра како треба, немам проблем со тоа. Да не ги напаѓаат медиумите играчите секогаш кога вака реагираат, можеби не би биле такви. Вака мислат дека секогаш се во право“ – одговорил Сари.