Top Sport

Меч од висок ризик во Грац, Србија-Хрватска, но без резултатско значење!

Ракометарите на Србија, исто како и Франција се веќе елиминирани од ЕП, уште по првите две кола, па вечерашното балканско дерби против Хрватска во Грац ќе биде можност само за достојно простување, колку тоа и да е можно во моментов.

Не е тајна дека тимот на Ненад Перуничиќ е здрман по поразите од Белорусија и Црна Гора, но сепак вечерашниот дуел носи нешто повеќе. За тоа се свесни и организаторите. Салата во Грац одмана е распродадена, а значително е зголемено и полициското обезбедување.

„Надзорот ќе биде зголемен, а ќе бидат анажирани и зголемени полициски сили, како и полицајци во цивилка“ – потврди шефот на локалната полиција, Герхарт Лекер.

Австриските медиуми потсетуваат дека навивачите генерално уживаат добра репутација, но потсетуваат дека во минатото хрватските фанови знаеле да направат проблем, како што во далечната 1992 беше на мечот меѓу Загреб и Сантандер кога полицијата мораше да користи гумени куршуми за растерување на толпата.

Организаторите се надеваат дека тоа нема да е случај вечерва, затоа што Хрватска веќе е пласирана во следна фаза, а Србија без исходот на вечерашниот меч, се враќа во татковината.

Мечот започнува во 20.30 часот.

Scroll to Top