Top Sport

Сари е лут: Доста со „беспотребно“ дриблање!

Маурицио Сари им порача на играчите на Јувентус да престанат со „непотребното дриблање“ по тешката 2:1 победа над Болоња во саботата.

„Бјанконерите“ направија предност од четири поени пред Интер во Серија А благодарение на головите на Кристијано Роналдо и Миралем Пјаниќ, но Сари беше незадоволен што неговите напаѓачи претерано сакале да ги покажуваат своите вештини со топката наместо да стават печат на победата.

Ова доаѓа откако Болоња за малку ќе „грабнеше“ поен откако бараше пенал по фаулот на Матијс де Лихт и ударот во пречката на Федерико Сантандер пред Џиџи Буфон да мора да извади една топка од голот по обид за гол со ножички.

„Победата е засенета од некои грешки. Границата помеѓу дриблањето на продуктивен начин и беспотребното е мало – 40 минути бевме добри, пет минути некоректни. Треба да дрибламе кога има потреба, не само да се покажеме. Мораме да го менаџираме резултатот и да ја сочуваме енергијата“, вели Сари.

Јуве триумфираа над Болоња, Буфон во финишот ја одбрани победата (Видео)

Scroll to Top