Top Sport

Сари го навреди Челси

Маурицио Сари една сезона мина во Челси, успеа да го освои првиот трофеј во долгата кариера (Сари со „сините“ победи во Лига Европа) и потоа реши да се врати во Италија. Сари не можеше да му одолее на предизвикот да го предводи великанот Јувентус.

Сари не крие дека тешко му било да се адаптира во Англија и да се прилагоди на начинот на кој што се работи во Премиер лигата, а ниту во клубот од „Стенфорд Бриџ“ не можат да се пофалат дека имале идеална соработка со тренерот.

Во едно интервју, во обид да ја истакне големината на Јувентус Сари го понижил клубот на чија клупа седеше до пред три недели.

„Имав голема среќа што го тренирав Челси, клуб кој во изминатите години стана важен фактор во европскиот фудбал, но Јувентус е нешто друго. Тука се работи за приказна која е долга 100 години, додека приказната на Челси започна пред дваесетина години“, рекол Сари.

Покрај титулата во Лига Европа, Сари успеа со Челси да избори пласман во Лигата на шампионите, сезоната ја заврши на третото место во Премиер лигата. Поранешниот тренер на Наполи со Јувентус потпиша договор до јуни 2022 година.

Scroll to Top