Top Sport

Тео Ернандез ќе игра во Милан

Милан и Реал постигнале договор околу трансферот на левиот бек Тео Ернандез. „газета дело Спорт“ објави дека 21 годишниот фудбалер ќе потпише четири годишен договор.

Тео Ернандез е продукт на школата на Атлетико Мадрид и брат на францускиот репрезентативец Лукас Ернандез кој за 80 милиони евра од Атлетико се пресели во Баерн Минхен.

Левио бек, во 2017 година за сума од 24 милиони евра стана играч на Реал. Во првата сезона не успеа да избори место во тимот покрај Марсело, поради што минатата сезона ја мина како позајмен играч во Реал Сосиедад.

За екипата од Сан Себастијан одигра 28 натпревари во Ла Лига и постигнал еден гол.

Милан договориле најпрвин да го позајмат Ернандез на една сезона, а потоа за сума од 20 милиони евра да го откупат неговиот договор. Фудбалерот договорил годишна плата од 1,8 милиони евра.

Трансферот на Ернандез значи дека еден од тројцата играчи што играа минатата сезона на оваа позиција ќе мора да го напушти клубот. Во прашање се Рикардо Родригез, Иван Стриниќ и Диего Лаксалт.

Scroll to Top