Top Sport

Македа се прости со „својот“ Вардар (видео)

Шпанскиот репрезентативец, Хорхе Македа по три години во Вардар заминува во Сегед, Унгарија и реши да се прости со својот клуб преку видео.

„По три години, време е да се каже збогум на клубот и градот каде што дојдов со јасна цел. Благодарение на работата на сите во клубот, го остваривме тоа. Никогаш нема да го заборавам. Благодарам на сите фанови, соиграчи, сите од тренерскиот тим за тоа што ме направија подобра личност и подобар ракометар“, вели Македа.

Фото: ЕПА

Scroll to Top