Top Sport

Сари: И оваа сезона шампион ќе биде Манчестер сити

Иако е малку необично кога нема поминато ниту половина сезона да се прогнозира шампионот во конкурентна лига како Премиер лигата, новиот менаџер на Челси, Маурицио Сари вели дека е јасно дека Манчестер сити ќе ја одбрани титулата.

Иако многумина се воодушевени од неговиот стил на игра и од одличниот пласман на Челси откако лани не успеаја да се квалификуваат во Лигата на шампионите, Италијанецот не верува дека ниту Челси, ниту другите ривали можат да го сопрат тимот на Пеп Гвардиола.

„Мислам дека во моментов во Премиер лигата има клуб кој е над другите. Тоа е Манчестер сити. Дали Челси може да стане шампион? Не во моментов, мислам дека не може. За мене, Сити се најсилни. Мораме да работиме напорно да го засилуваме тимот, но во моментов постои голема разлика“, вели Сари.

Челси, сепак, мисли на иднината откако го продолжи договорот со Н’Голо Канте, а сега следува главната цел – да се обврзе и Еден Азар.

Scroll to Top