Top Sport

Сари: Играчите се уморни, потребна е реорганизација на фудбалот

Тренерот на фудбалерите на Челси, Маурицио Сари, побарал измени во календарот на фудбалските натпреварувања. Според него играчите треба да имаат повеќе одмор во текот на сезоната.

Во пресрет на денешното дерби во Премиер лигата, против Тотенхем, Сари говорел и за пренатрупаниот распоред.

„Има фудбалери кои се значајни за своите тимови што играат по 70 или 75 натпревари во сезоната. Тоа е голем проблем, посебно за тимови како што е нашиов. Имам 16 играчи кои се репрезентативци на своите држави. Мислам дека треба да го реорганизираме фудбалот. Во овој момент на секој играч му е тешко да биде подготвен за 75 натпревари во сезоната, а на тимовите им е тешко да одмораат играчи кави што се Меси, Роналдо, Нејмар…Тое е голем проблем на модерниот фудбал“, рекол Сари.

Градското дерби помеѓу Тотенхем и Челси започне во 18:30 часот.

Scroll to Top