Top Sport

Барса сака мечеви од Ла Лига да се играат и во Кина

Фудбалерите на Барселона, во иднина, би можеле некој натпревар од домашното првенство да одиграат во Кина, ова го најавил директорот на Барселона, Оскар Грау.

Во Барселона планираа да одиграат еден меч надвор од Шпанија во 2019 година, меѓутоа како сега стојат работите планираниот меч против Џирона сепак нема да се одигра во САД.

„Тоа во минатото не е видено во Шпанија, но ние размислуваме глобално, гледаме кон новите пазари и нови територии. За нас временските зони не претставуваат проблем. Да се игра во Мајами? Мислам дека оваа сезона тоа нема да се случи. Но доколку ни се даде можност да играме натпревар во САД, зошто тогаш не би играле во Кина?“, изјавил за кинеските медиуми Грау.

Тој потенцирал дека поддржува еден ваков проект, но дека се мора да биде направено во „хармонија“.

„Тоа е само еден од 380.мечеви. Сепак мора да има некаква хармонија, бидејќи тоа ќе биде новитет за сите. Сите сопственици мора да го поддржат ваквиот проект“, дополнил Грау.

Scroll to Top