Top Sport

Сари ја одбил Фиорентина

Маурицио Сари ја одбил понудата, наредната сезона, да биде тренер на Фиорентина.

Сари, оваа сезона не работи, но зема плата од Јувентус. Тој има договор со овој клуб до 2022 година, но „страта дама“, може да го раскине истиот доколку му исплати на тренерот 2,5 милиони евра.

Покрај Фиорентина, за Сари интерес покажале Рома и неговиот поранешен клуб Наполи.

На почетокот на година, Сари ја одбил понудата од Олимпик Марсеј.

Scroll to Top