Top Sport

Сари ја сака Барселона во осминафиналето

Тренерот на Лацио, Маурицио Сари сака да се сретне со Барселона во осминафиналето од Лигата на шампионите.

Лацио заврши на второто место во групата зад Атлетико Мадрид и ќе биде во вториот шешир на ждрепката во понеделник. Покрај Барселона потенцијални ривали на Наполи се: Борусија Дортмунд, Манчестер сити, Арсенал, Баерн Минхен, Реал Сосиедад.

„Би сакал да се сретнам со Барса во осминафиналето на Лигата на шампионите, бидејќи никогаш не сум имал можност да играм против нив. Мислам дека тоа би било убаво искуство“, изјави Сари.

Извлекувањето на осминафиналните двојки е закажано за понеделник во 12.00 часот.

Scroll to Top