Top Sport

Сари казнет со 8.000 фунти

Фудбаската асоцијација на Англија (ФА), во петкот, парично го казни тренерот на Челси, Маурицио Сари, поради недоличното однесување на натпреварот со Барнли.

Челси и Барнили, во понеделникот одиграа без победник 2:2, а Сри беше исклучен во судиското надополнување на времето. Италијанскиот тренер реагираше кај четвртиот судија поради дуелот што Давид Луиз го имаше со Ешли Барнс.

ФА го обвини Сари за недолично однесување, тој ја прифатил казната и во казата на Асоцијацијата ќе уплати 8.000 фунти.

Челси на три кола до крајот на Премиер лигата се наоѓаат на четвртото место со 67 бода, еден повеќе од Арсенал и три од Манчестер Јунајтед. Во наредното коло тимот на Сар ќе гостува кај Јунајтед.

Scroll to Top