Top Sport

„Тито Виланова го убеди Меси да остане во Барселона“

Починатиот Тито Виланова го убедил Лионел Меси да остане во Барселона, вели Жорди Роура поранешен фудбалер и помошник на Виланова во Барселона, во сезоната 2012/2013.

Роура, кој работел и како тренер на младинскиот тим, таа сезона му бил помошник на Виланова, кој за тренер на Барселона беше назначен заминувањето на Пеп Гвардиола во Баерн.

Роура раскажал интересен настан што се случил шест дена пред смртта на Виланова.

„Тито на 19 април 2014 година го повика Меси во својот дом и го убеди да потпише нов договор со клубот. Меси во тоа време сериозно размислуваше да се пресели во друг тим, сакаше нов предизвик. На крајот остана“, рекол Роура.

Тито Виланова почина од рак на 46 годишна возраст, на 25 април 2014 година.

Scroll to Top