Top Sport

Сари ќе го продолжи договорот

Тренерот на Наполи Маурицио Сари, во наредните 48 часа ќе го продолжи договорот со клубот од градот под Везув.

Итлијанските медиуми објавија дека Сари ќе го продолжи договорот откако од САД во клубот ќе се врати претседателот Аурелио Де Лаурентис.

Сари последните неколку месеци се поврзуваше со неколку екипи, а се шпекулираше дека кариерата ќе ја продолжи во некој од англиските премиерлигаши.

Маурицио Сари (59) од 2015 година е тренер на Наполи, претходно три сезони го тренираше Емполи.

Scroll to Top