Top Sport

Проблеми за ГСВ, се повреди и Дрејмон Грин

Актуелниот шампион во НБА лигата, Голден Стејт Вориорс, изминатиот месец на „Ол-стар“ натпреварот имаше четворица кошаркари, најмногу од сите тимови во лигата, меѓутоа по натпреварот со Сан Антонио, сите тие се на листата на повредени играчи.

Вориорс се поразени од Сан Антонио (89:75). Натпреварот го започнаа без Кари, Томпсон и Дурент, а во втората четвртина остнаа и без чевртиот „Ол-стар“ играч, Дрејмонд Грин.

Еден од најдобрите дефанзивци во лигата се пожалил на повреда на препоните и потоа не се врати на теренот. Голден Стејт не објави колкава пауза го очекува Грин.

Од претходно во тимот ги нема Кари, Томсон и Дурент, но сигурное дека тие ќе бидат во тимот кога ќе започне плејофот.

Scroll to Top