Маурицио Сари одбива да го поништи својот договор со Јувентус со взаемна согласност, што значи дека Јувентус ќе мораат да му исплатат уште 8.5 милиони евра на тренерот.
Сари доби отказ и покрај тоа што ја освои титулата од Серија А и стигна до финалето на Копа Италија, откако Јуве загуби во осминафиналето од Лигата на шампионите од Лион. Според весникот „Кориере дела сера“ неговата судбина на клупата била запечатена откако им порачал на газдите на клубот дека тимот „не може да се тренира“ и тие го ангажираа Андреа Пирло.
Сари има договор со кој заработува 6 милиони евра од Јувентус и клаузула во договорот која дозволува прекин на договорот за 2.5 милиони евра. Ако Сари реши да паузира една година, тој ќе продолжи да ја зема плата од 6 милиони евра и да ги примора следното лето да ги платат дополнителните 2.5 милиони евра.