Top Sport

Сари: Лацио и Рома да престанат да се однесуваат како провинциски клубови

Маурицио Сари вели дека Лацио и Рома треба да престанат да размислуваат на „провинциски начин“ за своите амбиции во Серија А и во европските натпреварувања, бидејќи Рим е град кој заслужува два тима.

Лацио вчера со 2:0 ја совлада Сампдорија во саботата, резултат кој поставува притисок на Рома во борбата за петтото место на табелата, иако ако Рома ја освои Конференциската лига на УЕФА, автоматски ќе се пласирааат во Лига Европа.

Сари беше иритиран од прашањето дали е важно за фановите на Лацио да завршат пред Рома.

„Мислам дека е крајно време да се размислува на таков провинциски начин. Ова е град кој заслужува два силни тима. Секако, дербито секогаш е мечот на годината, но треба да гледаме на фудбалот на поинаков начин“, вели Сари.

Scroll to Top