Top Sport

Хамилтон се закани по забраната на накитот: Мерцедес имаат резервен возач

Седумкратниот Ф1 шампион, Луис Хамилтон доби две трки да го отстрани својот „постојан“ накит од страна на ФИА, по што асот на Мерцедес се закани со бојкот на спортот ако шефовите во Ф1 продолжат со инсистирањето на забраната на накитот.

Новиот директор на трки на Ф1, Нилс Витих ја активираше старата забрана за носење на накит (часовници, обетки, ланчиња) во текот на трките поради безбедносни причини, по што овој викенд Хамилтон се појави на прес-конференцијата во Мајами со повеќе ланчиња, прстени и три часовници.

„Во овој спорт сум 16 години и 16 години носам накит. Во болидот ги имам само обетките и пирсот на носот, кој не можам да го отстранам. Се работи за инвидидуализам. Му пратив на претседателот на ФИА, Мохамед Бин Сулајем порака дека сакаме соработка, а не конфликт. Ова е смешно. Не очекувам ништо. Мерцедес имаат резервен возач ако ме суспендираат“, изјави Хамилтон.

Scroll to Top