Top Sport

Сари лут по новиот пораз: Со овие играчи, шестото место е нашиот лимит!

Менаџерот на Челси, Маурицио Сари вели дека неговиот фудбалери немаат доволно ментална сила по 2:0 поразот од Евертон во неделата, порачувајќи им дека на ваков начин нема да се стигне до топ 4 финиш и Лига на шампиони следната сезона.

„Сините“ имаа одличен старт на мечот и доволно шанси преку Гонзало Игуаин и Еден Азар, по што имаа колапс во второто полувреме, дозволувајќи Евертон да стигне до победа.

„Во моментов, шестото место е нашиот лимит. Ако успееме да играме како во првото полувреме во сите 90 минути ќе бевме на поинакво место на табелата. Но, ова е нашата граница. Слично загубивме од Вулверхемптон. Ако играме во следните осум меча како во второто полувреме, тогаш тешко нас, топ 4 е невозможно за нас. Но, мораме да се бориме. Кога Пикфорд им ги одбрани ударите, немаа волја да се борат. Се работи за ментален проблем, одеднаш престанавме да играме. Тешко е да ми објаснат што се случува“, вели Сари.

Евертон му го нанесе седмиот пораз оваа сезона на Челси (видео)

Scroll to Top