Top Sport

Евертон му го нанесе седмиот пораз оваа сезона на Челси (видео)

Еден чекор напред, еден назад за Челси под Маурицио Сари. „Сините“ доживеаја незгоден пораз од 2:0 на гостувањето на „Гудисон парк“ кај Евертон во меч од 31. коло во Премиер лигата.

По убедливата победа над Динамо Киев од 5:0 на гости, тимот на Сари доживеа незгоден пораз по кој остануваат на шестото место во Премиер лигата со 57 поени, еден помалку од петтопласираниот Манчестер јунајтед и веќе три зад четвртиот Арсенал.

Мечот беше одлучен во второто полувреме, откако прво Ришарлисон во 49. минута постигна гол, а потоа во 72. минута, Гилфи Сигурдсон од удар од белата точка го реши мечот. Евертон се на 12. место во Премиер лигата со 37 поени.

Scroll to Top