Top Sport

Сари: Мислам дека му недостигам на Де Лаурентис

Менаџерот на Челси, Маурицио Сари, му одговорил на својот поранешен газда, Аурелио Де Лаурентис, дека клубот додека тој бил тренер не освоил ништо.

„Не знам зошто зборива за мене? Можеби му недостигам. Знаеше тоа да го прави. Не го донесовме трофејот во Неапол, но имавме рекорден број на бодови. Три пати се квалификувавме за Лигата на шампиони што не е вообичаено за Наполи. Мислам дека не бевме лоши. Со исклучок на Јувнетус никој ништо не освојува последните седум години“, рекол Сари.

Италијанецот со Челси забележа две победи на стартот на Премиер лигата, а во третото коло ќе гостува кај Њукасл, в недела од 17 часот.

Scroll to Top