Top Sport

Лион со голот на неделата на Траоре го „реши“ Стразбур (видео)

Лион се врати на победите на стартот на третото коло во Лига 1, откако со 2:0 го совлада Стразбур на домашен терен.

По импресивната победа над Бордо во првото коло, Стразбур имаше реми со Сент Етјен, но Лион не дозволи тимот од Алзас да направи изненадување. Мартин Терие во 42. минута донесе водство за домаќините, пред во 64. минута, по асистенција на Мемфис Депај, Траоре да постигне прекрасен гол за 2:0.

Ова е втора победа за Лион во три кола, откако во првото коло ги победија Амиен со 2:0, а во второто загубија од Ремс со 1:0.



Scroll to Top