Top Sport

Сари: Мораме да се бориме против глупавите луѓе

Тренерот на фудбалерите на Челси, Маурицио Сари, истакнал дека навивачите на „сините“ во 99 отсто од случаите се прекрасни, потенцирајчи дека во секоја група има и глупави луѓе.

Навивачите на Челси изминатите недели се провлекуваат низ медиумите поради расистичкото однесување кон противничките фудбалери. Тие го навредуваа Рахим Стерлинг на натпреварот со Манчестер сити, а во Унгарија против Видеотон, во Лига Европа, пееле антисемитски песни.

Песни со навредлива содржина тие пееле и синоќа во Вотфорд, каде Челси победија 2:1.
„Најпрвин сакам да разговарам со клупското раководство. Не слушнав ништо, а и не сакам да ги генерализирам работите. Во 99 отсто од случаите нашите навивачи се прекрасни, но во секоја заедница постојат глупави луѓе. Против нив треба да се бориме“, рекол Сари.

Челси на табелата во Премиер лигата се наоѓа на четвртото место со 40 бода, а во наредното коло ќе гостува кај Кристал Палас.

Scroll to Top