Top Sport

Сари: На Игуаин му е тешко во Премиер лигата

Гонзало Игуаин му признал на менаџеро на Челси, Маурицио Сари дека му е тешко да се адаптира на играта во Премиер лигата.

Игуаин во четвртокот потврди дека се повлекува од арентинската репрезентација по 75 настапи и 31 гол и порази во финалињата на Копа Америка во 2015 и 2016 и на СП во 2014 година. 31-годишниот Пипита дојде во Челси како позајмен фудбалер од Јувентус во јануари и во седум меча од ПЛ има три гола.

„Ми кажа дека му е тешко, бидејќи физичката игра на дефанзивците во Англија е многу силна. Судиите се исто така многу поразлични од Италија, така што ова е целосно нов фудбал за него, посебно бидејќи е напаѓач. Мислам дека му е потребно време, но го немаме. Потребен ни е сега да се бориме за место во топ 4 во следните два месеци“, вели Сари.

Челси добија казна од забрана на трансфери во следните два преодни рока од ФИФА, со што иднината на Игуаин во Челси е несигурна.

„Не знам што ќе се случи, но би сакал да го видам во топ-форма во последните два месеци. Во моментов, само тоа е важно“, додава Италијанецот.

Scroll to Top