Top Sport

Ван Анхолт три сезони во низа праќа тим во англиската втора лига!

Холанѓанецот Патрик ван Анхолт го постигна вториот гол за 2:0 победа на Кристал палас над Хадерсфилд, со што гостите и формално испаднаа во втората англиска лига по две години во Премиер лигата.

Поразот на „Селхарст парк“ заедно со победите за Барнли и Саутемптон, значеше дека Хадерсфилд го израмни неславниот рекорд на Дерби каунти како втор тим кој бил пратен во Чемпионшип на шест меча пред крајот на сезоната.

Ван Анхолт пак, во последните три сезони постигнува голови со кои ги прати во Чемпионшип, Хал, Стоук сити и Хадерсфилд. Лудата статистика на поранешниот фудбалер на Челси оди понатаму – додека играше за Сандерленд пред четири години го постигна првиот гол за 3:0 победа над Евертон, резултат кој значеше дека Њукасл оди во втората лига. Тој очигледно е запознаен со статистиката бидејќи им прати порака на навивачите на Хадерсфилд.

„Сè најдобро на Хадерсфилд и нивните фанови, знам дека е тешко и не е убаво да се види испаѓање, но вие го поддржувате вашиот клуб добро“, напиша Ван Анхолт.

Scroll to Top