Top Sport

Сари најверојатно останува на „Сан Паоло“

Маурицио Сари најверојатно ќе остане во Наполи и покрај интересот на неколку клубови кои се во потрага за тренер (Челси, Монако, Зенит), објавуваат италијанските медиуми по состанокот на тренерот со сопственикот Аурелио ди Лаурентис.

Сари ги предводеше Наполи до две втори места во Серија А, о оваа година „партенопеи“ беа најсериозни ривали на Јувентус за титулата, пред да потфрлат во последните неколку кола. Ди Лаурентис по „оптимистичкиот состанок“ во средата, најави дека тренерот останува, а медиумите тврдат дека тој ќе добие договор до 2021 година.

Многумина го сметаа темпераментниот Сари како совршена замена на сонародникот Антонио Конте во Челси, но Роман Абрамович најверојатно ќе треба да бара тренер на друго место.

Фото: ЕПА

Scroll to Top