Top Sport

Сари не е задоволен: Дозволивме Парма да не притисне

Јувентус синоќа ја победи Парма со 2:1, го искористи киксот на Интер и стекна четири бода предност во однос на конкурентот, во борбата за шампионската титула.

И покрај победата тренерот на „старата дама“ Маурицо Сари не бил задоволен од изданието на неговите фудбалери. Сари бил лут што фудбалерите на Парма во последните 15 минути доминирале на теренот.

„Подобро ќе беше да примевме гол од контранапад. Во последните 15 минути не ни дозволија да излеземе од нашата половина“, рекол Сари и дополнил.

„Многу работиме на играта од прекини. Исто така им кажав на играчите дека ни доаѓа екипа која е спацијалист во тој сегмент и што ни се случи? Примивме гол по нафрлување од корнер. Им кажав на играчите дека треба да бидат внимателни и дека треба да ја пресечеме топката пред таа да дојде во опасната зона“.

Јувентус по 20 натпревари има 51 поен, четири повеќе од Интер и шест од Лацио кои имаат и натпревар помалку.

Scroll to Top