Top Sport

Кавани побарал трансфер

Единсон Кавани, најдобриот стрелец во историјата на Пари Сен Жермен, поднел барање за трансфер. Уругваецот оваа сезона, по доаѓањето на Мауро Икарди, речиси и да не игра, а бидејќи договорот му истекува на крајот од сезоната, тој побарал од клубот да му дозволи трансфер во актуелниот преоден рок.

„Се надеваме дека ќе остане во клубот, но тој побара трансфер. Ја разгледуваме ситуацијата“, рекол спортскиот директор на клубот Леонардо, по победата на ПСЖ во Купот над Лориен.

Сериозен интерес за Кавани има од Атлетико Мадрид, медумите тврдат дека тој веќе се договорил со овој клуб по завршувањето на сезоната да се пресели на „Ванда Метрополитано“.

Атлетико ќе се обидат да го донесат Уругваецот во овој преоден рок, а Леонардо потврдил дека имало преговори со челниците на „јорганџиите“.

„Имаме понуда од Атлетико. Меѓутоа таа е помала од она што ние го бараме. Сепак јас не сум сигурен дека Кавани ќе биде тука и во февруари. Ќе видиме што ќе се случува во наредните денови, го слушаме Кавани бидејќи многу го почитуваме. Сега многу работи се појасни бидејќи му истекува договорот“, рекол Леонардо.

Атлетико понудиле 10 милиони евра за Кавани, но од ПСЖ побарале 30 милиони евра.

Единсон Кавани во 2013 година за сума од 65 милиони евра од Наполи се пресели во ПСЖ. За „светците“ има одиграно 293 натпревари, постигнал 198 голови.

Scroll to Top