Top Sport

Сари неделава го презема кормилото на Лацио

Италијанскиот фудбалски стручњак, Маурицио Сари (62) би требало оваа недела да седне на клупата на римски Лацио, објавија денеска голем дел од италијанските медиуми.

Сари во 2019 година потпиша тригодишен договор со Јувентус, па иако го освои Скудетото таа сезона, поради испаѓањето во осминафиналето од ЛШ од Лион експресно доби отказ минатата година.

Претходно, 3 сезони беше на чело на тимот на Наполи, а една сезона го предводеше и премиерлигашот Челси.

Уште претходно медиумите на „Чизмата“ објавија дека „небесносините“ се подготвени на 62-годишниот стратег да му понудат 2,5 милиони евра годишно, кои со бинусите би достигнале сума од 4 милиони евра.

Сари, кој во кариерата бил тренер на 18 клубови инсистирал на плата од 3 милиони евра, па засега не е познато дали договорот е прецизиран.

Scroll to Top