Кристијано Роналдо постигна еден гол во вчерашниот пораз на Јувентус од Тотенхем 2-3 во рамките на Меѓународниот Куп на шампионите.
Најголемата ѕвезда на Јувентус постигна гол во 60 минута, но три минути подоцна со одлука на тренерот Маурицио Сари тој ја напушти играта. на негово место влезе Матеус Переира.
Роналдо срдечно се поздрави со младиот соиграч, но кога на ред дошол тренерот Сари, Португалецот сложил „поинаква фаца“.
Јасно е дека на Роналдо не му се допаднала идејата на Сари. Тој никогаш не сака да биде заменет, без оглед дали е пријателски натпревар или не.
Португалецот и тренерот размениле неколку збора, а италијанските медиуми не успеале да откријат што зборувале.
Меѓутоа денес „Марка“ има краток текст со наслов.„На потешкиот начин Сари научил дека не треба да го менува Кристијано Роналдо“.
Коментар имал и новинарот Танкреди Палмери, на „Твитер“ тој напишал: „Стравот што го имате како тренер кој го замени Роналдо“.
Il timore quando sei un allenatore che ha appena sostituito Cristiano pic.twitter.com/dCUjWKnxIL
— Tancredi Palmeri (@tancredipalmeri) July 21, 2019