Top Sport

Се распаѓа „Дрим-тимот“, уште еден играч му откажа на Поповиќ

Продложи трендот на откази во американскиот „Дрим-тим“ во пресрет на почетокот на подготовките за Светското првенство во Кина. Последн кој му се заблагодарил на повикот на селекторот Грег Поповиќ е играчот на Вашингтон Визардс Бредли Бил.

Бил им се приклучи на Ентони Дејвис, Џејмс Харден, Си-Џеј Мекалум и Ерик Гордон кои претходно го откажаа учеството на СП, со образложение дека сакале да се подготват за напорната сезона во НБА, во која „имале високи лични и тимски амбиции“.

Играчот на Вашингтон имал поинаква причина од наведените четворица, тој сакал да биде присутен кога ќе се роди неговото дете. Сопругата на Бил треба да се породи кон крајот на август.

Светското првенство во Кина ќе започне на 31 август.

Scroll to Top