Top Sport

Сари одби да се ракува со Гвардиола, па изјави дека не го видел (видео)

Маурицио Сари немаше многу одговори по катастрофалниот 6:0 пораз од Манчестер сити, но вели дека не постои „лоша крв“ меѓу него и Пеп Гвардиола, откако тренерот на Челси не се поздрави со Каталонецот по крајот на мечот.

Челси се втурнати во нова криза по високиот пораз во меч во кој „граѓаните“ покажаа апсолутна доминација, а популарниот „Сарибол“ стил на игра на италијанскиот тренер целосно се распадна. Но, Сари вели дека не го игнорирал Гвардиола намерно по крајот на мечот на „Етихад“.

„Тоа се случи. Едноставно не го видов. Ќе се видиме подоцна, ќе го побарам во соблекувалната“, изјави Сари.

Самиот Гвардиола по мечот, кога беше запрашан зошто Сари не се ракуваше, го правдаше Италијанецот, велејќи дека тој не го видел од Џанфранко Зола.

Сари признава дека неговата работа не е сигурна, иако беше именуван пред неполни шест месеци.

„Не знам. Тоа треба да го прашате клубот. Јас сум загрижен за моите перформанси, за мојот тим, а мојата работа никогаш не е сигурна. Мојот фудбал функционираше на стартот на сезоната, но сега не функционира. Зошто? Тоа треба да го утврдиме“, вели Сари.

Scroll to Top