Top Sport

Сари побарал да му го донесат Кепа

Тренерот на Лацио, Маурицио Сари, сакал во неговиот тим да го има голманот на Челси, Кепа Аризабалага. Лацио бара долгорочно решение на голманската позиција, бидејќи првиот чувар на мрежата, Пеп Реина има 39 години.

Кепа има проблем со формата, не успеа да се наметне во Челси, поради што на „Стенфорд Бриџ“, минатото лето го ангажираа Едуард Менди.

Сари сака да го ангажира Кепа и покрај тоа што со него имаше лоша епизода додека го предводеше Челси. Во финалето на ФА купот, против Манчестер сити, на истекот на продолженијата, Кепа одби да излезе од игра и да му го отстапи местото на Вили Кабаљеро. Челси потоа остана без трофејот.

Scroll to Top