Top Sport

Сари потврди, Жиру ќе остане во Челси

Тренерот на Челси, Маурицио Сари, во петокот потврдил дека напаѓачот Оливие Жиру ќе остане во клубот и наредната сезона.

Жиру не крие дека не е задоволен од улогата што ја има во Челси, меѓутоа во клубот решиле да ја искористат опцијата автоматски да му го продолжат договорот за уште една сезона.

Светскиот првак со Франција е незадоволен бидејќи најчесто шанса да биде во тимот добива во натпреварите во Лига Европа.

„Клубот има опција да го продолжи неговиот договор на уште една година. Разговарав со челниците и се договоривме да ја искористиме таа можност“, рекол Сари за „Скај Спорт“.

Жиру оваа сезона има постигнато 12 гола во сите натпреварувања, само два пати бил стрелец во Премиер лигата, а со десет гола е најдобар стрелец во Лига Европа, каде Челси во полу-финалето ќе игра против Ајнтрахт Франкфурт.

Scroll to Top function disable_right_click() { echo ""; } add_action('wp_footer', 'disable_right_click');