Top Sport

Пекинг Спорт Јуниверзити ќе игра во СЕХА лигата

Регионалната ракометна лига, СЕХА, во својата деветта сезона ќе воведе револуционерни промени, откако Извршниот комитет донесе одлука од наредната сезона во лигата да се натпреварува екипа од Кина.

Едена од 12 екипи што ќе учествуваат во СЕХА, во сезоната 2019/2020 ќе биде Пекинг Спорт Јуниверзити. Челниците на лигата се убедени дека влегување на кинески клуб ќе означи почеток на нова ракометна во ракометот во регионот.

Проширувањето на далечниот Исток ќе отвори нови пазари за СЕХА лигата. „Сигурни сме дека влезот на кинески тим ќе донесе придобивки за ракометот, регионално и глобално“, смета првиот човек на СЕХА лигата, Михајло Михајловски.

извор/seha-liga.com

Scroll to Top