Маурицио Сари беше промовиран во нов тренер на Јувентус на прес-конференција во Торино, откако Челси му дозволија на италијанскиот стратег да замине по една сезона на „Стемфорд бриџ“.
Сари вели дека не се двоумел дали да ја прифати понудата од Јувентус и покрај тоа што знаел дека ќе го навлече бесот на навивачите на Наполи, кои се чувствуваат предадени од овој трансфер.
„Чувството пред Јуве да ме повикаат? Навистина силно. Никогаш не сум видел клуб кој е толку посветен да добие некој тренер. Јувентус е најважниот клуб во Италија, и ова е кулминација на мојата долга кариера. Јас сум ги почитувал сите. И како последен чин, морам да ја почитувам мојата професија и мојот професионализам“, вели Сари.
Тој открива дека добил и СМС пораки од некои негови поранешни фудбалери.
„Добив лични пораки од дел од тие фудбалери кои коментираа дека ум предавник, но во нив имаше поинаков тон. Знам дека некогаш тие зборуваат тоа што сакаат да го чујат од нив. Имав три години во Наполи, направив избор поради нив да одам во странство. Но, морав да се вратам во Италија и добив понуда од Јувентус и тоа е тоа. Мојот избор беше логичен и нема потреба да се пишува роман околу тоа“, додава Сари.
Сари исто така открива дека долго време најважното нешто му било да го победи својот нов тим.
„Три години првата мисла утрото беше како да го победам Јувентус, бидејќи Наполи беше најсилниот тим во Италија. Мојата морална должност беше да најдам начин да ги победам, но не успеав. Би го направил повторно истото, но тоа е спортско ривалство, а професионалноста е нешто друго“, додава Сари.