Top Sport

Сари призна: Кепа беше во право, но не смее да се однесува така (видео)

Менаџерот на Челси, Маурицио Сари вели дека неговиот голман Кепа Аризабалага бил во право што инсистирал да остане на теренот за пенал-серијата и поразот од Манчестер сити во финалето на Карабао купот, но дека се однесувал на непрописен начин.

Сари и Кепа беа вклучени во неверојатна расправија во финишот на неделниот меч на една минута пред крајот на второто продолжение. Кепа падна со грч во ногата и Сари реши да го стави во игра резервата Вили Кабалјеро, но Кепа реши да остане, нешто што го извади Сари од такт.

Но, по поразот, Сари сакаше да ја намали важноста на инцидентот.

„Погрешно го разбрав проблемот и го сфатив тоа кога докторот пристигна на клупата. Тоа беше големо недоразбирање бидејќи мислев дека голманот има грчеви  и не може да продолжи за пеналите. Но, не беше така. Зошто отидов кон тунелот? Морав да се смирам. Тој беше во право“, вели Сари.

Притисокот на италијанскиот менаџер нема да се намали по низата лоши резултати, што предизвика дел од коментаторите да оценат дека Кепа е „поголем“ од Сари.

„Морате да го прашате клубот за тоа. Јас сум задоволен од последните три меча бидејќи играме подобро. Денеска покажавме дека можеме да бидеме солиден тим, бидејќи игравме со еден од, според мене, најдобрите европски клубови“, додава Сари.

Сити на пенали го освои Лига купот против несреќниот Челси (видео)

Scroll to Top