Top Sport

Сари: Се шират „фејк њуз“ за Јувентус

Тренерот на Јувентус, Маурицио Сари вели дека извештајот на италијанскиот весник „Ла стампа“ дека тој влегол во конфликт со Миралем Пјаниќ на тренинг се „лажни вести“.

Според „Ла стампа“, атмосферата кај италијанскиот шампион е напната по двата порази во финалиња оваа сезона (од Лацио во Суперкупот и од Наполи во Купот на Италија), и дека тензиите придонеле за конфликт на тренинзите со Пјаниќ, кој наводно бил исклучен од утрешното гостување кај Болоња.

„Тоа се ’фејк њуз’. Тој е еден од фудбалерите на кого најмногу сметав оваа сезона и има одлучувачка улога во мојата игра со тројца во средниот ред“, вели Сари за „Скај спорт Италија“.

Шпекулациите велеа дека Родриго Бентанкур ќе го пополни местото на Пјаниќ, додека Арон Ремзи ќе игра во средината по повредите на Сами Кедира и Алекс Сандро. Сари исто така потврди дека експериментот со Кристијано Роналдо како „лажна деветка“ веќе е во минатото.

„Зборував со Роналдо пред мечот со Милан и Лацио. Постојано зборуваме и се обидуваме да го направиме тоа што е најдобро за клубот. Тој е најдобар кога е малку од страна, а не директно во нападот“, вели Сари.

Пјаниќ во „конфликт“ со Сари на тренинг на Јуве

Scroll to Top